Skip to main content

Општина Охрид

Градоначалникот Пецаков оствари средба со амбасадорката на Србија Невена Јовановиќ

Соговрниците разговараа на актуелни теми кои го засегаат регионот.
 |  инфодеск  | 
Пецаков со српска амбасадорка

Во официјална посета на Општина Охрид, денес, беше амбасадорката на Република Србија Н.Е. Невена Јовановиќ.

На средбата градоначалникот и амбасадорката ги истакнаа добрите и пријателски односи помеѓу македонскиот и српскиот народ.

Изразија желба и подготвеност ваквите односи дополнително да се надоградат со остварување на соработи во повеќе полиња. Потенцирано беше дека отворањето на сезонската авиолинија Охрид – Белград  е од големо значење за развојот на туризмот во Охрид.

Соговрниците разговараа и на актуелни теми кои го засегаат регионот.