Туристичка промоција на традиционалните занаети
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, д-р Љупчо Јаневски и претседателот на Занаетчиската комора на Република Северна Македонија, Агрон Фазлији денес потпишаа Меморандум на соработка.
Занаетчиите преку одржувањето на традиционалните занаети придонесуваат кон славење на традицијата и зачувување на културното наследство, но важен сегмент е и поттикнување на економскиот развој на земјава- истакна Јаневски.
Без исклучок традиционалните занаети треба да бидат дел од туристичките посети, каде туристите ќе имаат можност да погледнат како се изработуваат одредени ракотворби, да споделат искуства и да купат рачно изработени предмети.
Со потпишување на овој Меморандум ќе се работи на зацрстување на соработката преку заедничко делување, подобрување на квалитетот на производите и услугите на занаетчиите, презентација и промоција на занаетчиските производи и услуги во земјата и странство преку организирање на зеднички презентации со заедничко учество на саемски манифестации.
Страните потписнички на овој Меморандум ќе воспостават поволна рамка за заедничко инвестирање во областа на туризмот и занаетчиството, преку поддршка и давање препораки, проширување на мрежата на соработка со други институции како и меѓусебно информирање за постигнатите резултати произлезени од овие две гранки.