Повик за учество на претставник од граѓански организации како набљудувач во комисија за евалуација на проекти во RELOAD2
Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) e продолжение на првата фаза од проектот која се спроведе во периодот (2017-2020). Проектот е финансиран од Европската Унија, а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Основна цел на ReLOaD2 e jaкненје на партнерствата меѓу општинските власти и граѓанското општество преку транспарентно финансирање на проекти на граѓански организации од општинските буџети со цел поголемо граѓанско учество и учество на младите во носењето одлуки и подобрена испорака на услуги за граѓаните на општина Охрид. Проектот ReLOaD 2 работи во осум партнерски општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид на усвојување на транспарентен пристап за финансирање на проекти на граѓанските организации, со кој ќе се подтикне поголема граѓанска вклученост и вклученост на младите во процесот на донесување на одлуки и ќе се подобрат услугите што се обезбедуваат на локално ниво.
Општина Охрид објави јавен повик во рамки на ReLOaD2 проектот за предлог проекти од граѓанските организации. Станува збор за повторен јавен повик кој општина Охрид го објави на 16.06.2023(од 9;00 часот) и ќе трае до 14.07.2023(до 15:00 часот), при што евалуацијата на пристигнатите предлог проекти е планирана да се одржи во август 2023 година.
Повикот за изразување интерес од претставник на граѓански организации за учество во комисијата за евалуација на предлог проктите ТУКА.