Skip to main content

ЈП Национални шуми

ЈП Национални шуми апелира на одговорно однесување во шумите поради опасност од пожари

ЈП Национални шуми апелира до сите граѓани на зголемена будност и мобилност.
 |  инфодеск  | 
Галичица

Високите температури кои периодов ја зафатија територијата на нашата држава, носат зголемена опасност од настанување на пожари на отворен простор и шумски пожари, поради што ЈП Национални шуми апелира до сите граѓани на зголемена будност и мобилност.

„Со цел да се спречат несакани последици апелираме да не се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.„ – порачуваат од Национални шуми.

Истовремено, доколку забележите пожар, може да пријавите на отворената линија 02 155 22, односно 02 2581 080 број на централа на ЈП Национални шуми, или на тел.број 193 на Противпожарна бригада и на тел. 112 во Центарот за управување со кризи.