Skip to main content

Успешно лансирање на вселенското летало „Сојуз“

Рускиот вселенски брод „Сојуз“ со тројца астронаути синоќа успешно е лансиран од космодромот Бајконур во Казахстан.

 |  Голабовски Крсте  | 
Soyuz
Сојуз

Рускиот вселенски брод „Сојуз“ со тројца астронаути синоќа успешно е лансиран од космодромот Бајконур во Казахстан.

SoyuzАстронаутите ќе им се придружат на руско-американската екипа астронаути кои се на Меѓународната вселенска станица во орбитата на Земја.
Екипажот на „Сојуз“ е составен од Русинот Олег Котов, Американецот Тимоти Кример од НАСА и Јапонецот Соичи Ногучи.
Тројцата астронаути ќе им се придружат на Американецот Џеф Вилијамс и Русинот Максим Сурахев кои на Меѓународната вселенска станица  претстојуваат од октомври.
Планирано е вселенскиот брод да се спои со Меѓународната вселенска станица за три дена односно на 23 декември.






{loadposition content9}