Охрид како туристичка дестинација се повеќе е застапена во програмите на туроператорите од Холандија, очекуваните 15 000 холандски турсити годинава доволно зборуваат за тоа колку овој народ го сака Охрид. Но, не сите доаѓаат за да одмараат. Некои од нив, како семејството Јансен, одлучиле да ја напуштат родната Холандија, да дојдат тука и да започнат сопствен бизнис, токму во сферата на туризмот. Многу сте отворен народ, убава земја, се чувствувам прифатен. Луѓето ми помагаат да научам Македонски. Има многу можности за бизнис. Тоа е тоа што нам ни одговара тука и зошто не во оваа убава Македонија да не отворам ресторан, вели Брајан Јансен. Холандските туристи се редовни гости во неговиот ресторан Lion на Кеј Македонија, но не само тие.
„Нормално чартер линијата со Холандија влијае, почнаа повторно многу Холанѓанин да доаѓаат во Охрид, зошто многу ја сакаат Македонија за одмор. Но, доаѓаат и Срби и Хрвати, значи Балканот, менталитетот, многу ми се доопаѓа тука.“ – вели Брајан Јансен.
Почетокот не бил лесен, признава Брајан. Ја напушитле земјата во која и двајцата имале работа, и тргнале на патување, за кое не знаеле како ќе заврши, буквално со надеж за нов почеток.
„Не е полесно. Ние имавме работа во Холандија и двајцата. Ја оставивме работата, ја продадовме куќата и вториот автомобил, и се со тоа на едно купче, со другиот автомобил кој ни остана дојдовме во Македонија, за да отвориме бизнис.“ – вели Брајан.
Неговата сопруга Кати е родена во Холандија, а по мајка е Македонка. Силна била отсекогаш нејзината врска со нашиов град, вели таа. Со години доаѓале тука на одмор, но желбата да се започне нов живот била токму на Брајан.
„Тој највеќе изрази желба зашто се заљуби во Македонија. И се одлучивме, ако сакаме да пробаме, сега е моментот да пробаме. Сега можеме и куќа да продадеме, и кола, и да продадеме се што имаме, да ставиме на едно купче и со тоа да дојдеме. И така почна. “ – вели Кети Јансен.
Нејзините родители редовно ги посетуваат, но даѓаат само на одмор. Цел е, вели Кати, прво да го зајакнат бизнисот со кој веќе се занимаваат, а потоа планираат и друг бизнис потфат, кој засега ќе остане тајна.
Понудата во нивниот угостителски објект е многу разновидна и малку поразлична од она што моментално се нуди на охридските трпези. Има и наши јадења, но и Холандски, кои охриѓани веќе ги оцениле како одлични, велат Јансенови.