Skip to main content

Централен регистар: Субјект лажно се претставува и нуди услуги во наше име

Граѓаните да не подлегнуваат на сомнителни информации / понудувачи на услуги, да бидат ВНИМАТЕЛНИ, да го информираат Централниот регистар, со цел да се заштитат себеси а и останатата јавност од злоупотреба.
 |  инфодеск  | 

Извесен субјект во името на Централен регистар нудел на правни субјекти извесни услуги, вклучувајќи пакети, сертификати, награди и слично. Притоа ги информирал субјектите за нивната деловна состојба, а за услугите барал одреден надомест, информираа денеска од Централниот регистар.

„Зад истиот понудувач на наведените услуги НЕ СТОИ Централниот регистар како институција и децидно се оградуваме од било каква соработка и поврзаност со понудувачи од овој вид.„ – предупредија од Централниот регистар на Македонија.


Притоа ги советуваат граѓаните да не подлегнуваат на информации од овој вид, за сѐ што ќе бидат информирани од надворешни субјекти / понудувачи да бидат ВНИМАТЕЛНИ, да го информираат Централниот регистар, со цел да се заштитат себеси а и останатата јавност од ваков вид на злоупотреба.