Skip to main content

УХМР

Сончево и топло со температура до 33 степени

Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса.
 |  инфодеск  | 

Сончево и многу топло и денеска во Охрид со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. UV=10. Максималната дневна температура ќе се искачи до 33 степени.

Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.УВ индексот ќе има многу висока вредност 10.