Поради големиот шумски пожар во Шпанија на Канарските острови, досега се евакуирани 4.255 лица, а 400 припадници на различни служби се на терен и се борат со пожарот. Шпанската армија распореди 150 свои пожарникари, а наскоро се очекува да пристигне уште една единица. Црвениот крст формираше објект за помош на евакуираните.
Пожарот избувнал вчера утрото и веќе проголтал најмалку 4.500 хектари шума и десетина куќи, јавуваат шпанските медиуми.
Фернандо Клавихо, претседател на регионалната влада на Канарските Острови, рече дека има отпор кога станува збор за напуштање на домовите, но дека приоритет мора да биде спасувањето животи.
Брзото ширење на пожарот е резултат на ветерот, климатските услови и топлотниот бран што ја зафати Европа.