Претседателката на Инспекциски совет на работни средби во општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца
Претседателката на Инспекциски совет Даниела Рендевска заедно со членот Ресул Шемо во рамки на работната агенда насловена како „ИНФО денови со локалните инспекциски служби“ со денешната и вчерашната посети ги опфатија Општина Струга, Општина Вевчани, Општина Охрид и Општина Дебрца. Тие остварија средба со Градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков и секретарот на општината Александар Китески, Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески, Градноначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски и Раководителот на Инспекциската служба при Општина Струга.
„На средбите со Општина Охрид и Општина Струга се разменија искуства во однос на примената на Законот за инспекциски надзор, како и продолжување и унапредување на соработката меѓу државните и општинските инспектори. Општините Вевчани и Општина Дебрца немаат општински инспектори и во разговорите со нив беше ставен акцет на можностите за вработување на општински инспектори.“ – информираа од Инспекцискиот совет.
Инспекцискиот совет продолжува да остварува посети низ целата држава.