Во неделата, на 16-ти јули, на потегот меѓу населените места Елешец и Пештани во Охрид е забележано мало истекување на нетретирана вода од колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.
Во кординација на Државниот инспекторат за животна средина ДИЖС и Инспекторатот на Општина Охрид, а во комуникација со директорот на ЈП Колекторски систем е утврдено дека поради влегување на змија во препумпната станица накратко е дојдено до автоматско исклучување на осигурувач.
Од страна на службите на ЈП Колекторски систем веднаш е пристапено кон повторно вклучување на осигурувачот по што е нормализирана работата на препумпната станица и состојбата е нормализирана.