Skip to main content

Општина Охрид

Оглас за издавање локации за продажба на сладолед, книги и уметнички слики

Понудите согласно огласот да се достават најдоцна до 25.07.2023г во 12.00 часот.
 |  инфодеск  | 
Охрид Кеј Фото: Ѓоко Симјаноски

Општина Охрид објави Оглас за прибирање понуди за издавање на времено користење локации за поставување урбана опрема со комерцијална намена – фрижидери за продажба на сладолед.

Предвидени се 12 локации за ваква намена според огласот и тоа:

  • по должината на Kej„Македонија“ вкупно 10 локации
  • на ул.,,Климент Охридски,, 1 локација
  • на патеката од„Канал Студенчишта кон хотел Парк“ 1 локација

На секоја локација можат да се постават максимално по 2 (два) стандардни
фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце, на простор со површина
4м2.

Пет локации се предвидени за продажба на книги на површината меѓу трговскиот центар “Амам “ и угостителскиот комплекс“Летница“ по тротоарот на улица Македонски просветители. Продажбата на книги ќе се извршува на урбана опрема со димензии 4м2.

Четири локации се предвидени за продажба на уметнички слики на малиот плоштад кај Долна
Порта.

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната
програма за поставување урбана опрема во Општина Охрид за 2023 година.

Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 90
(деведесет) дена.

Понудите да се достават најдоцна до 25.07.2023г во 12.00 часот.

Огласот, Графичките прикази со нумерички ознаки на локациите за поставување урбана опрема и
Образецот на понуда заинтерисираните субјекти можат да ги превзематод web страната на
општина Охрид, www.ohrid.gov.mk или секој работен ден од 12.00-13.00 часот во
просториите на архивата на општина Охрид.