Skip to main content

Beach Film Festival

Утре започнува 6-тото издание на Beach Film Festival во Охрид

Фестивалот се отвора со краткометражниот филм „Сценарио“ на Александра Кардалевска и долгометражниот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова.
 |  инфодеск  | 
Beach film festival

Од 19-ти до 23-ти јули во Охрид ќе се оддржува шестото издание на Beach Film Festival. Овогодинешната програма нуди многу филмски проекции, мастер класови и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа: Плажа Славија, Плажа Сараиште, Брод Армада и Младински Центар Охрид.

Љубителите на фимот ќе имаат можност да погледнат 8 долгометражни играни филмови, 16 краткометражни, 9 студентски, 5 француски (земја во фокус Франција) и 4 специјални проекции.

Фестивалот ќе го отвори краткометражниот филм „Сценарио“ на Александра Кардалевска и долгометражниот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова на плажа Славија, а на плажа Сараиште ќе биде поставена изложбата на фотографии на Riste Spiroski Photography Ние Под ѕвездите.

Тричлено жири ќе одлучува за наградите Голем бран за најдобар долгометражен филм, Стефан Сидовски Сидо за најдобро актерско остварување и Мал бран за најдобар краткометражен филм

Кратките студентски филмови ќе бидат проектирани на 21ви јули во градината на Младински центар Охрид, со почеток во 20ч.

Фестивалот ќе го затвори словенечкиот филм „Нешто слатко“, на 23ти јули.