Стартува петтиот „Летен маратон на комедијата“
Оваа сабота во просториите на малата сала на „Народениот театар Охрид“, со добро познатото шоу „Импровокација“, започнува петтото издание на „Летен маратон на комедијата“ во Охрид. Од локалните комичари кои се дел од овој маратон од самите негови почетоци, публиката ќе ужива и во настапите на„Comedy jam“ и „Црн Хумор“ , аќе има и гости комичари од регионов, вели Никола Тодороски, актер и стендап комичар.
„Имаме и едно поголемо шоу оваа година кое ќе биде изведено на сцената на Долни Сарај, „Best of Balkan“, шоу во кое ќе имаме гости од Србија и Црна Гора. Ја повикуваме публиката да ги проследи сите шоуа, би сакале ние сите, но нема да може секако да ги проследат сите, но имаме доста квалитетна понуда оваа година.„ – кажа на денешната прес конференција, Никола Тодороски – актер и стенд ап комичар.
Шоуто „Two mothers brotehrs“ токму на овој маратон ќе го одбележи десеттиот роденден од своето постоење. Тука е премиерната изведба на шоуто на македонските актери комичари Тино и Атанас насловено како „Трансакциона анализа“ и „Кабаре кабает“ на кумановецот Мирослав Петковиќ. Со настапите на „Girls Show“, „Erin Crouch“, „Gabby Lucas“ и мексиканката „Laura Lopez“, ќе биде застапен и понежниот пол. А за истакнување е настапот на грчкиот комичар Џими Сапас.
„Новина е што годинава за прв пат годинава ќе не има на 4 сцени. Шоуто ќе го има на сцените во Народниот театар Охрид, малата сцена, Долни Сарај и во клубовите Jazz Inn и дискотеката Rebel, Новина е и веб страницата лансирана скоро, www.haha.mk . „ – вели Филип Англеичин – Жура – „Импровокација“.
Продажбата и резервацијата на влезниците оваа година покрај телефонски, ќе оди и онлајн, истакна Жура.
„Јас сум многу задоволен и среќен што од година во година се гелда како се подига нивото на една ваква манифестација, особено оваа година. И од првата година особено ентузијазмот се крена, како започна маратонски да се тераат сите работи.“ – изјави Јован Цветкоски – „Црн хумор“.
Предизвикот е голем, да се организраат толку многу настапи но и задоволството се чувствува, кога ќе се види реакцијата кај публиката. Зоран Донев, од клубот „Jazz Inn“, со благораност токму до публиката, за нејзината трпеливост и интерес.
„Исто така како дел од екипава, многу сум благодарен на публиката, која не следи, гледа како растеме и сфаќа дека тоа што ние го правиме не е воопшто лесно. Напротив многу е тешко и сфаќа дека треба да не поддржи. – вели Зоран Донев – „Jazz Inn“.
Многу добро познати стендап проверени настапи, сега во малку проширено и обновено издание и многу гости комичари од Македонија и Балканот за публиката ветуваат незаборавни доживувања.
„Исто во овој маратон мене ми е голема чест што ќе делам сцената со имињата од Македонија и поширокот, во Џез, култното место.“ – рече Никола Силјаноски – „Импровокација“.
Мит се приказните дека вкусот на публиката е ригиден и дека не се менува. Целта на уметникот е да ја анимира публиката, да донесе интеракција меѓу него и публиката и истата да ја предизвика и охрабри да погледне нешто ново, објаснува Тодороски. Комедијата како жанр е формата која од публиката ги вади најискрените чувства, додава тој.