Според препораките на Владата за забрана на движење во шумите, Ј.У.Н.П. Галичица нема воведено забрана на движење на својата територија.
Заради зголемената опасност од шумски пожари и според препораките на Владата, посетителите на Националниот Парк, потребно е да ја пријават својата посета на следниот е-маил: galicica@galicica.org.mk или во Дирекцијата на Националниот парк, во периодот од 09:00 до 15:00 часот.
За пријавување, потребни се следниве информации: Име и презиме, Матичен број, Регистарска табличка на возилото, Датум на посета и предвидено времетраење на престојот, Локација/место на движење.
Од ЈУНП Галичица напоменуваат дека посетителот е должен да го напушти делот на паркот што е под строга заштита до 20:00 часот.
Со цел да се превенираат негативни последици, потсетуваат дека на територијата на Националниот Парк Галичица е строго забрането да се пали оган на отворен простор, да се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да се палат отпад и друг горлив материјал, како и да се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.
Доколку забележите пожар, пријавете го на телефонскиот број 112 во Центарот за управување со кризи или во ЈУНП Галичица.