Кривична пријава за убиецот од Градско
Пријавениот, според соопштението на МВР, на 2 октомври со намера да украде пари дошол пред куќата на Стефка Ј. и успеал со туркање на подотворениот прозор од предната страна на куќата да влезе внатре. По пребарувањето се упатил во собата каде што спиела сега починатата, преку устата и врзал шамија и други алишта, потоа и ги врзал и рацете со каиш, и ја силувал старицата, која пак починала како резултат на гушење. Откако пронашол 15.000 денари, едно златно ланче, пар златни обетки и златна бурма, пријавениот А.Е. ја напуштил куќата и се упатил дома.
Во соопштението е наведено дека на 6-ти овој месец пријавениот сторил две (од вкупно петте) кривични дела, „силување“ и „разбојништво“ врз 74-годишната М.Г. од Градско. Минувајќи покрај куќата на оштетената дошол на идеја да провали внатре. Во куќата влегол преку прозорец од бањата прекачувајќи се внатре со цигли што ги подместил под прозорецот. Откако во пребарувањето ништо не пронашол почнал да ги одвртува осигурувачите од електричното броило и кога снемало струја во куќата отишол во собата каде што лежела М.Г. и и се нафрлил. Притоа устата и ја заврзал со селотејп, ја силувал и успеал да и одземе 14.000 денари, а потоа си заминал низ влезната врата.
Велешката полиција по преземени сеопфатни и плански мерки и активности, при што беа обавени разговори со вкупно 173 лица, преку земени отисоци и ДНК примероци од дел од повиканите на разговор, го документираше случајот со откривањето на 19-годишниот А.Е.
Пријавениот според крим-полициската евиденција е веќе регистриран сторител на кривични дела од областа на имотните деликти и против него веќе се изрекувани соодветни казни.
{loadposition content9}