Skip to main content

УХМР

Тропски ден со температура до 34 степени

UV индексот со висока вредност 10.
 |  инфодеск  | 

Времето денеска во Охрид ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура до 19 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 34 степени. UV индексот со висока вредност 10.

До следната среда времето во Македонија ќе се задржи сончево и многу топло со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Благо опаѓање на температурата за два до три степени ќе има само во понеделник. UV индексот и понатаму ќе има многу висока вредност 10.

фото: Симјаноски