„IThink“ академијата на Сивус доаѓа во Охрид
Можноста да се совладаат компјутерските вештини од најрана возраст е квалитетна инвестиција во иднината на секое дете. Можеби еден од најдрагите проекти на Сивус едукативниот и развоен центар е првата академија за технологија за деца IThink. Од октомври и дечињата од Охрид, ќе имаат можност да ја посетуваат наставата токму за IThink академијата и тоа со физичко присуство. Уписите за учебната 2023/2024 се во тек.
Преку трите на нивоа на оваа академија за најмладите, дечињата ќе може да совладаат дел од компјутерските вештини. Ќе ги научат концептите на технологијата и уште поважно, ќе научат креативно да размислуваат и да решаваат проблеми, вели Весна Иваноска – Гереален менаџер Сивус едукативен и развоен центар.
„Јас со гордост можам да кажам дека со мојот тим креиравме програма која не може да се најде во регионот како таква. Бидејќи најчесто она што се нуди за деца, како прилагодени курсеви за деца се токму тоа. Курсеви за деца, различни пакети кои изучуваат стекнување вештини во некоја алатка. Меѓутоа, кај нас изучувањето на технологијата еконцептуално. Ние прво тргнуваме од потребата да се учи технологија. Зошто се учи технологија? И нашето мото или парола дека сакаме да ги научиме децата не само да бидат корисници, консументи на технологијата, туку и да бидат креатори на технологијата.“- вели Весна Иваноска – Гереален менаџер Сивус едукативен и развоен центар.
IThink академијата во последните 8 години едуцираше повеќе од 600 деца на возраст од 8-14 години, кои се стекнаа со знаења и вештини што им овозможија влез во дигиталниот свет. Трите столба на оваа академија се основното, напредното и високотo ниво. Ивановска објаснува дека, ИТ знаењата и вештините не мора да значат и идна професија на дечињата. Но, се нужно знаење ко треба да го поседуваат за понатака било која професија која ќе ја одберат.
„И да бидете адвокат денес ќе мора да ги користите алатките еве последно актуелно со вештачката интелегенција, кои брзо пребаруваат, анализираат, ви систематизираат концепти и едноставно не можете да ги избегнете. Во медицината, дијагностиката речиси целосно почива на технологија. И она што ние сакаме, без многу притисок врз децата даим ја покажеме таа интересна страна на технологијата, корисна страна на технологијата и во поново време и етичка стран на технологијата. “ – вели Иваноска.
Само оваа година, учениците од IТhink Advanced нивото изработија две веб страни за опшествено одговорини здруженија. Првата е Хуманитарна акција за Искра Донева – здружение на граѓани за мотивација и посреќен,поисполнет и попродуктивен живот на сите луѓе,особено на лицата со физичка и ментална попреченост. Втората е Гласот на животните – здружение на граѓани за заштита на животните и животната средина. Претходно беше изработена и веб страница за помош на родители кои имаат деца со аутизам. Сеавус едуактивниот и развоен центар во соработка со одредени општини се обиде да изнајде начин за финансирање на деца од ранливи категории на кои ќе им се овозможи да ја следат академија.