Skip to main content

Странските туристички водичи ја извртуваат македонската историја

Странските туристички водичи им ја „крадат” работата на локалните водичи во земјава. Иако согласно Законот за туризам, туристичките групи од странство во земјава мора да бидат придружувани од локален водич, кој веродостојно би ги пренел историските и културните приказни, странските агенции не го почитуваат. Штетата е повеќеслојна им ги намалува приходите на локалните водичи во земјава, но и се дава можност за погрешна презентација на историјата.
 |  инфодеск  | 
Туристи

Странски туристички водичи ја извртуваат македонската историја. Иако согласно  Законот за туризам, туристичките групи во земјава мора да бидат придружувани од локален водич, кој веродостојно би ги пренел историските и културните  приказни, странските агенции не го почитуваат.

Речиси секојдневно низ  Охрид, се сретнуваат   групи странски туристи без локален водич, кои  ја раскажуваат својата верзија за историјата на Македонија. Зоруваат што сакаат за земјава, без никаква контрола и законски реперкусии, алармираат професионалните водичи.

„Непријатно е кога слушам други водичи од други земји. Од Романија сум видел и од други земји тие да прикажуваат своја историја. Не, ние имаме водичи не поради парите, имаме водичи  за да ја објасниме нашата историја и култура”, вели Ристе Голабоски лиценциран водич од Охрид.

Оваа нелегална појава им ги намалува приходите на  лиценцираните туристички водичи од земјава,  институциите мора погрижливо да водат сметка за спроведувањето на  законските регулативи за туристичко работење.

„Црната економија си го прави своето имаме доста наши странски колеги кои што ја избегаваат таа обврска. За ова треба малку нашата туристичка инспекција да поводи сметка. Најбитно е самата презентација на историјата а друго е запослувањето на наши колеги”, вели Бранко Ѓоршески лиценциран туристички водич.

Најкритично е во манастирскиот комплекс Свети Наум, каде странските агенции воопшто не ангажираат домашни водичи. Лиценцираните туристички водичи од земјава ги повикуваат инспекциските служби да вршат засилени конторли во шпицот на летната сезона.

Новинар Соња Рилковска