Skip to main content

„За Трпејца со љубов“

Започна 12-тото „На зајдисонце“ во Трпејца

На првиот ден од манифестацијата, присутните имаа можност да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија која се одржува во Трпејца.
 |  инфодеск  | 
На зајдисонце во Трпејца

Под покровителство на Општина Охрид и во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“, вчеравечер во Трпејца започна 12. издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

На свеченото отворање, пред присутните гости се обрати заменик градоначалникот, Перчо Божиновски.

Како и секоја година, така и оваа, очекувам културно-забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца да понуди креативна сценска програма испреплетена со низа спортски и едукативни содржини, кои ќе го привлечат вниманието на гостите.

Од мое лично име и од името на Општина Охрид би сакал да упатам благодарност до организаторите за целиот досегашен труд и посветеност да го одржат континуитетот на оваа манифестација, со надеж дека истата ќе продолжи да се одржува и во иднина. Ние секогаш ќе бидеме подготвени да ги поддржиме и да ги стимулираме вакви проекти, кои го промовираат богатството и туристичките потенцијали на охридскиот регион.

Ви посакувам успешно издание и пријатни мигови во рамки на сите настани од предвидената програма. Уживајте во зајдисонцето, истакна Божиновски во своето обраќање.

На првиот ден од манифестацијата, присутните имаа можност да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија која се одржува во Трпејца, а свој музички настап имаа Влатко Броз и диџеј Марама.