Убиен киднапираниот гувернер во Колумбија
Левичарските бунтовници го заклаа гувенер на колумбиската провинција Какета, Луис Фернандес Куелар.
| Голабовски Крсте | Свет
Луис Фернандез Кулеар
Левичарските бунтовници го заклаа гувенер на колумбиската провинција Какета, Луис Фернандес Куелар. Неговото тело е пронајдено во автомобил оставен во џунглата, изјави претседателот на Колумбија, Алваро Урибе.
Куелар беше киднапиран во понеделникот вечерта од неговиот дом откако петнаесетина мажи, облечени како полицајци го нападнале обезбедувањето на гувернерот. Во престрелката беше убиен еден припадник на обезбедувањето.
Куелар изминатиот период добивал закани, поради што властите му обезбедија засилено обезбедување.
Киднапирањето и убиството на гувернерот е најжестока акција на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) по киднапирањето на Ингрид Бетанкур во 2002 година. Таа беше ослободена при операцијата на колумбиската армија во 2008 година.
ФАРК води граѓанска војна веќе 45 години. Бунтовниците во заробеништво држат повеќе од 20 војници и полицајци, од кои двајца се киднапирани во 1997 година.
{loadposition content9}