Skip to main content

Совет на Општина Охрид

На 28 јули две седници на градскиот совет, едната резервирана за советнички прашања

На дневен ред на 29-тата седница има 39 точки кои градските советници ќе треба да ги разгледаат до пладне за кога е закажана 30-тата седница за советнички прашања.
 |  инфодеск  | 
Седница на совет

На 28.07.2023 година ( петок ) со почеток во 09:00 часот ќе се одржи 29-тата седница на Советот на Општина Охрид.

На дневен ред се 39 точки меѓу кои предлог одлуки за давање согласност на годишниот план за вработување во ООМУ „Методи Патче“- Охрид, ООУ „Братство Единство“, ООУ „Ванчо Николески“ Лескоец, ООУ „Григор Прличев“, ООУ „Живко Чинго“ с. Велгошти, ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Св.Климент Охридски“, ООУ „Св.Наум Охридски“ с. Пештани и ООУ „Христо Узунов“ за 2024 година.
Советниците ќе глсаат за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметка на бруто плата за вработените во ЈП „Водовод“ Охрид и за задолжување на ова јавно претпријатие за изработка на Елаборат за определување граници на заштитни зони околу извориштата за водоснабдување на градот Охрид и околните населени места.
На дневен ред се и Предлог-програма за измени на програмата други комуналн услуги за 2023 година; Предлог-програма за измени на програмата за уредување на градежно земјиште во 2023 година; Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2023 година; Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2023 година; Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за користење на плоштадите и друг простор во градот и другите населени места.
На седницата ќе се гласа и за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Охрид и општина Ресен, за отстапување на времено користење простор на ФК „Св.Троица 2021“ Охрид, за пренесување на правото на користење на товарно возило – кипер марака „ISUZU“ сопственост на општина Охрид на ЈП „Водовод“ Охрид, за пренесување на правото на користење на возило – трактор со кабина марка „SOLIS 75 RX“ со цистерна (приколка) за шмукање фекалии – марка „FIMAKS FST 6000“ сопственост на општина Охрид на ЈП Нискоградба Охрид, за пренесување на правото на користење на возило – трактор со кабина марка „SOLIS 75 RX“ со плуг за чистење снег марка „AGRIMAK“ и соларка марка „YI 200“ сопственост на општина Охрид на ЈП „Охридски комуналец“ Охрид.
На дневен ред се наоѓаат и 15 точки од урбанистичката сфера.

Претседателот на Совет, Сашо Донев ја закажа за истиот ден и 30-тата седница, со почеток во 12 часот, со една точка на дневен ред – советнички прашања.