Македонскиот фудбалски првак на европските клупски натпревари
Струга Трим Лум во среда игра против Будуќност за Конференциската лига на УЕФА
Натпреварот ќе се одигра на стадионот во Охрид, а билетите по цена од 500 ден се веќе пуштени во продажба.
Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум откако на самиот старт го заврши настапот во Лига на шампиони продолжува со европско натпреварување во УЕФА Конференциска лига.
По поразот од Жалгирис со 1-2 во првото квалификациско коло на фудбалската Лига на шампионите, стружани имаат поправен испит во второто коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
Струга Трим Лум ќе се сретне со Будуќност во среда на 26 јули во 17:00 часот. Натпреварот ќе се одигра на стадионот Билјанини извори во Охрид
Веќе се пуштени во продажба билетите кои чинат по 500 денари, а може да се купат онлајн на “karti.com.mk“, како и во Емпире бар.
Вториот натпревар се игра на 3-ти август во Подгорица.


