Skip to main content

„Научна и уметничка визита 2023“

Со изложба на дела од Славко Упевче на 28 јули започнува „Научна и уметничка визита 2023“

Научната и уметничка визита во Охрид започнува со делата на Славко Упевче инспирирани од Св Наум , а завршува со Охридската школа на природно право на 2 септември.
 |  инфодеск  | 
Uranija

Бројни културно-научни содржини и ова лето ќе понуди „Научна и уметничка визита 2023“ што традиционално се одржува во Куќата на Уранија во организација на Македонската академија на науките (МАНУ).

Научната визита започнува на 28 јули во 20ч. со отворање на изложба на дела од колекцијата на Славко Упевче инпирирани од Свети Наум.

Во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ, на 10, 11 и 12 август ќе се одржи лингвистичка работилница насловена „Дијалектна обработка на македонскиот јазик“.

Одделението за лингвистика и литературна наука при МАНУ пак на 25 и на 26 август организира Конференција за кинескиот јазик, литература и култура.

Поетската средба насловена „Разговор со академик Павле Горановиќ“ е предвидена е на 27 август.

Во рамки на програмата ‘на визитата е ќе биде промовирано и Издание посветено на научноистражувачката работа на академик Алајдин Абази по повод 80 години од неговото раѓање.

Научната и уметничка визита завршува со Охридската школа на природно право што ќе се одржи од 29 август до 2 септември.