Skip to main content

Координирана акција на надлежните

Акција против дивите кампери во Љубаништа

Во рамките на координираната акција биле евидентирани над 20 диви кампери на плажата, што станува предмет на загриженост поради загрозувањето на животна средина. При спроведените активности беа забележани и неколку несоодветно направени септички јами.
 |  инфодеск  | 

Денес, на 22 јули 2023 година, во Љубаништа, беше спроведена координирана акција од страна на надлежните служби за заштита на плажата и природата. Оваа иницијатива, во која учествуваа Јавната установа Национален парк Галичица, Граничната полиција за ГП и ГН-Св. Наум, Секторот за Внатрешни Работи – Охрид и пазарната инспекција, имаше за цел да се справи со предизвикот од дивите кампери на ова прекрасно место.

“Во рамките на акцијата, беа евидентирани над 20 диви кампери на плажата, што станува предмет на загриженост поради загрозувањето на животна средина. При спроведените активности беа забележани и неколку несоодветно направени септички јами, што уште повеќе допринесува за загадувањето на природата. Во склоп на акцијата, против дивите кампери беа преземени мерки, вклучувајќи издавање на мандатни казни и пријави, како и нивно дислоцирање и спречување на повторно поставување.” -информираа од НП Галичица.


Дополнително, акцијата вклучуваше и употреба на градежна машина булдожер за да се обезбеди дека дивите кампери нема да можат да се вратат на истиот локации во иднина.
Оваа акција ја подигна јавната свест и ја објаснува важноста на одговорното користење на слободните простори и природните ресурси.


“За заштита на природните богатства и животната средина, соработката помеѓу надлежните служби и граѓанската заедница има одлучувачка улога. Превентивните мерки кои се преземаат се насочени кон одржување на хигиенските стандарди и грижа за природното богатство, за да се обезбеди здрава и чиста средина за сите.” – велат од НП Галичица.

Местото каде што се спроведе акцијата е слободен простор кој не располага со соодветни услови за кампување, што е пропишано и со Планот за управување со НПГ, како и другите плански документи за регионот. Со непочитувањето на истото подрачјето се изложува на загадување и загрозување на убавината на една од најубавите плажи на источното крајбрежје на Охридското Езеро.