Skip to main content

СВР Охрид

Во пожарот на возило на Туристичка повредено е лицето кое им помагало на патниците

31 годишниот охриѓанец кој помагал при вадење на патниците од возилото се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Општата болница во Охрид.
 |  инфодеск  | 
pozar vozilo turisticka

Во пожарот кој настана во саботата на возило на бул. Туристичка со повреди се здобило лицето кое помагало во спасување на патниците.

На 22.07.2023 година во 12.55 часот, во возило „сеат алхамбра” со охридски регистарски ознаки, што го управувала Ј.Б.(40) селото Мешеишта, општина Дебрца, кое се движело по булеварот „Туристичка” во Охрид, настанал пожар, се вели во денешниот полициски билтен.

“Во пожарот со телесни повреди се здобил М.О.(31) од Охрид, кој помагал при вадење на патниците од возилото и тој бил пренесен во Општата болница во Охрид. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Охрид, а увид извршила увидна екипа на СВР Охрид.“ – информираат од СВР Охрид.

Фото: Ohridnet