Фестивал на водни спортови 2023
Повик за учество на ревијална веслачка регата со традиционални метални кајчиња
Регатата ќе се одржи во близина на охридскиот кеј, на потегот од каналот до пристаништето како завршен настан на фестивалот на водните спортови кој ќе се одржи во периодот од 18 до 27 август 2023.
Во Охрид, на 27 август 2023 година со почеток во 17:00 часот ќе се одржи ревијална веслачка регата со традиционални метални кајчиња.
Регатата ќе биде завршен настан на фестивалот на водните спортови кој ќе се одржи во периодот од 18 до 27 август 2023. Регатата ќе се одржи во близина на охридскиот кеј, на потегот од каналот до пристаништето.
Веслачки клуб “Горица Ремо” од Охрид објави повик за учество на регатата.
Пропозиции:
- Трките ќе се одржат во машка и женска конкуренција во 2 категории, и тоа:
- едносед, со должина на кајче 4-4.5 метри
- двосед, со должина на кајче 5-6 метри
Награден фонд:
- за I место: 5000 денари и резба традиционален охридски чун
- за II место: 3000 денари
- за III место: 2000 денари
Пријавување на email: gorica.remo@gmail.com
Телефон за контакт: 078472482
Краен рок за пријавување: 19 август 2023 година