Општина Охрид
Поставена фотонапонска централа на СОСУ„Св. Кирил и Методиј„ Охрид
Останува да се завршат формалните процедури со ЕВН околу приклучување во дистрибутивната мрежа по што ќе биде ставена во функција.
Заврши поставувањето на фотонапонската централа на кровот на СОСУ„Св. Кирил и Методиј„ Охрид. Централата е со моќност од 22 kW и ќе биде надополнување на новиот систем на греење на училиштето преку топлотни пумпи што значително ќе ги намали трошоците на оваа образовна институција, а секако ќе придонесе и за заштита на животната средина.
Останува да се завршат формалните процедури со ЕВН околу приклучување во дистрибутивната мрежа по што ќе биде ставена во функција.

Фотонапонската централа, нејзиното проектирање и поставување е комплетна донација од страна на компанијата ОКТА а.д. Скопје за што во оваа прилика искажувам голема благодарност. Оваа донација е вистински пример за општествена одговорност.


