Skip to main content

Женски центар Бисера

Младите учеа да везат и плетат на работилници организирани од ЖЦ Бисера

Како резултат на обуките се одржа и изложба  каде се изложија ракотворбите изработени од младите.
 |  инфодеск  | 
Работилница плетење везење

Женски Центар ,, Бисера” од Охрид реализира три работилници за обука за везење и плетење на кои стари лица им пренесуваа знаење на младите генерации.

Младите имаа можност да се стекнат со основни вештини на плетење и везење, а потоа искористувајќи ја својата креативност изработуваа интересни парчиња облека и украсни предмети од волна и конец.

Како резултат на обуките  на 24.07. 2023 се одржа и изложба  каде се изложија ракотворбите изработени од младите.

Работилниците се дел од проектот  „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”, каде ЖЦ Бисера ги организира како  партнер на Локалната агенција за развој од Струга, координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на Србија а со  поддршка од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.