Skip to main content

Седница на Влада

Општините ќе добијат средства за инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи

Согласно Финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура, владата донесе одлука за распределување средства на општините за приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи, како и за системи за третман на отпадни води и набавка на опрема.
 |  инфодеск  | 
Влада

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за донесување Одлука за распределба на средства согласно со Финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Македонија и ја донесе Одлуката.

Општините во државата и во градот Скопје, како што е соопштено од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе добиваат средства како донација за реализација на приоритетни инвестиции за водоснабдителни и канализациони системи, како и за системи за третман на отпадни води и набавка на опрема којашто ќе биде во прилог на подобрување на водоводната инфраструктура на нивна територија.

За Општина Охрид, издвоени се средства во висина од три милиони денари, кои треба да легнат на наменска сметка.

Исто така, од министерството објавија и јавен повик за  изразување интерес за консултантски услуги токму за овој проект за „Подобрување на водената инфраструктурата на општините во Северна Македонија″ и тоа за следните позиции; Инженери за водоснабдување, Инженер за отпадни води, Специјалист за финансии/исплаќање , Специјалист за јавни набавки.