ЈП Градски Пазар Охрид објави оглас за прибирање пријави за поставување урбана опрема за забава на отворено. Предмет на огласот е локација за поставување урбана опрема на Кеј Македонија. Просторот се издава за времетраење од 01.08.2023 до 31.08.2023 година.
Пријавите треба да се достават најкасно до 31.07.2023 година (понеделник) до 11:00 часот.
Сите детали од огласот и графички приказ на локацијата ТУКА
За повеќе информации заинтересираните може да се обратат секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.