Skip to main content

Почина легендарната пејачка Шинед О’Конор

Пејачката стeкнa светска слава во 1990 година со песната „Nothing Compares 2 U“.А ја уништи својата кариера кога на настап на тв во живо ја скина сликата со Папата.
 |  инфодеск  | 

Ирската музичка легенда почина на 56-годишна возраст по долгогодишна борба сонарушено ментално здравје и 18 месеци по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн.

Пејачката стeкнa светска слава во 1990 година со нејзината обработка на песната „Nothing Compares 2 U“. А ја уништи својата кариера кога на настап на тв во живо ја скина сликата на Папата.

О’Конор во својата автобиографија „Сеќавања“ истакнува дека не се кае за ништо во животот, па дури ни за кинењето на слика со папата Јован Павле Втори во емисија на Ен-Би-Си. Таа вели дека тоа било дел од нејзината борба против злоупотребата на деца.О’Конор е родена во Даблин на 8 декември 1966 година.Таа тврдеше дека нејзините проблеми со менталното здравје започнале затоа што нејзината мајка физички и сексуално ја злоставувала како дете.