Министерство за труд и социјална политика
Пензиите од септември ќе бидат повисоки за 6%
За една година раст од околу 21% или раст за околу 24% од јануари 2022 до септември 2023 година.“ напиша министерката за труд и социјала Тренчевска.
| инфодеск | Македонија
Mинистерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на својот фејсбук профил објави добра вест за пензионерите. Од септември пензиите ќе бидат зголемени за 6%.
„Обезбедивме постојан раст на пензиите. Согласно претходната методологија пензиите во месец јануари 2022 година пораснаа за 2.9%. Со новата методологија пензиите пораснаа за околу 21%. Септември 2022 – 6.8%. Март 2023 – 8.4%, Септември 2023 – 6% (проекција). За една година раст од околу 21% или раст за околу 24% од јануари 2022 до септември 2023 година.“ напиша Тренчевска.