Skip to main content

СВР Охрид

Трпејчанец доби кривична затоа што направил доградба на куќата без одобрение

Доградбата била констатирана при вонреден инспекциски надзор.
 |  инфодеск  | 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63-годишен жител од охридското село Трпејца. При вонреден инспекциски надзор, извршен на 05.06.2023, било констатирано дека тој извршил доградба на индивидуална семејна ќуќа од тврда градба во селото без да поседува одобрение за доградба, издадена од надлежен државен орган, информираат од СВР Охрид.