Skip to main content

Еко акција

Утре нуркачките клубови Норкач и Скаут ќе го чистат езерото од отпад кај Радожда

Планирани се активности за чистење на брегот (во вода и надвор) на Охридското езеро во должина на селото Радожда.
 |  инфодеск  | 
Radozda

Нуркачките клубови од Струга, Норкач и Скаут органзираат подводно чистење на Охридското езеро. Еко акцијата ќе се одржи утре, 29.07. со почеток во 10 часот кај селото Радожда.

Планирани се активности за чистење на брегот (во вода и надвор) на Охридското езеро во должина на селото Радожда. Во вода ќе влезат искусни нуркачи, придружувани од кајчиња на кои ќе се собере целото ѓубре кое ќе се извади од езерото. Акцијата е поддржана и од ЈП Комунално Струга кои со свои возила ќе го соберат сметот и ќе го однесат до крајната дестинација за одлагање.

„Охридското езеро е Светско културно наследство и е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија. Од тука, обврската и одговорноста за зачувување на она што сме го наследиле е на сите нас. Како страсни поборници за зачувување на нашето Охридско езеро, среќни сме што можеме да ја упатиме оваа покана до јавноста да биде дел од заедничките напори кои ги вложуваме сите за што почисто Охридско езеро.“ – велат од нуркачките клубови Норкач и Скаут.

Во еко акцијата може да учествува секој, без никакви ограничувања при што за подводно чистење бројот на учесници е ограничен и е за сите нуркачи кои поседуваат лиценца за нуркање. По завршување на Еко акцијата за сите учесници организирана е забава во кампинг Скаут во Струга.

(За учество во оваа активност е потребна претходна најава Клуб за подводни активности ,, Норкач ” Струга ​​​Нуркачки клуб Скаут- Струга Camping SCOUT Struga . )