ЕУ вечер на „Охридско лето“ со концерт за кларинет и пијано
Традиционалната Вечер на Европската унија на фестивалот „Охридско лето“ ќе се одржи вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот со концерт на шпанскиот кларинетист Пабло Бараган и француската пијанистка Елоис Бела Кон.
На програмата се композиции од Ф. Пуланк, М. Де Фаља, А. Вебер, И. Албениц и А. Месажер.
Роден во Андалузија, а со адреса на живеење во Берлин, Пабло Бараган од секогаш огромно значење придавал на интеракцијата помеѓу музичарите за време на заедничкото музицирање, сметајќи дека токму таа симбиоза помеѓу нив е идеалот при интерпретацијата на музичките дела.
Пабло Бараган е ексклузивец на компанијата за изработка на кларинети „Бакун“ и свири на модел на кларинет „Бакун Лумиер“.
Во 2016 година Елоис Бела Кон се закити со наградата за Млад уметник на годината од списанието „Дијапазон“, а од 2018 година е и официјален уметник под закрила на брендот „Јамаха“ а овие две признанија како и длабочината на нејзината музикалност ѝ помагаат нејзината кариера да се придвижи во нагорна линија.