Skip to main content

СВР Охрид

Уапсени две лица кај СРЦ Билјанини извори кај кои била пронајдена дрога

По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

Од СВР Охрид информираат за два одделни случаи на пронајдена опојна дрога кокаин и марихуана кај СРЦ Билјанини извори во Охрид.
На 29-ти јули 2023 година, во 00:50 часот, кај Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, од слобода е лишено 20-годишно лице од Скопје. При извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа опојна дрога кокаин, додека во неговото возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, пронајдена е марихуана.


На 28-ми јули 2023 година, во 22:50 часот, кај Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, лишено е од слобода 27-годишно лице од крушевско. При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана и кокаин.

По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од СВР Охрид.