Skip to main content

Снежното невреме во САД однесе 18 животи

Осумнаесет лица загинаа во силното снежно невреме, проследено со леден дожд, кое во пресрет на Божик го зафати централниот дел на САД.

 |  Голабовски Крсте  | 
nevreme
невреме
Осумнаесет лица загинаа во силното снежно невреме, проследено со леден дожд, кое во пресрет на Божик го зафати централниот дел на САД.

grobistaНевремето предизвика проблеми во патниот сообраќај и го отежна движењето на луѓето за време на Божик.
Портпаролот на Националната метеоролошка служба ги посоветува граѓаните да се откажат од плановите за патување и да не се доведуваат во опасност.
Невремето го зафати централниот дел на САД од канадската граница до Тексас.
Во северните делови снежната бура може да предизвика формирање на 60 сантиметарска снежна покривка, додека на југ беше прогласена тревога за поплави.
Источното крајбрежје на САД минатата недела беше погодено од силна снежна бура, која го парализира транспортот и работата на администрацијата.





{loadposition content9}