ЈП „Охридски Комуналец“ го санира опожарениот дел на депонијата Буково, а во неколку наврати интервенирала и Противпожарната единица на град Охрид.
Oвластен инспектор за животна средина од Охрид е во континуирана комуникација со Државниот инспекторат за животна средина ( ДИЖС ) заради вршење вонреден инспекциски надзор во нестандардна комунална депонија Буково, Охрид во врска со опожарување на депонијата, информираат од инспекторатот.
Депонијата со механизација се затрупува со земја и се гаси, а до самозапалување е дојдено поради високите температури, како и испуштањето на метанскиот гас. Во текот на утрешниот ден ќе се врши и третирање со алга.
“Состојбата се следи интензивно на терен од страна на инспекциската служба и укажано е да се вклучат сите расположиви капацитети (човечки и механизација) за санирање на состојбата во насока на спречување на понатамошно загадување на воздухот и животната средина и заштита на здравјето на луѓето.” – велат од ДИЖС.
Оттаму додаваат дека се во перманентна комуникација со општинскиот инспекторат Охрид и ЈП “Охридски Комуналец”.