Skip to main content

СВР Охрид

Пронајдени и спасени три лица чија едрилица се превртела во водите на Охридското Езеро

Лицата на возраст од 53, 50 и 49 години, сите од Скопје, се пронајдени во добра здравствена состојба, без повреди, а според нивниот исказ причина за незгодата бил силен ветер.
 |  инфодеск  | 

Денеска постапувајќи по пријава дoбиена околу 17.45 часот во СВР Охрид дека во водите на Охридското Езеро, кај Дебрчка плажа, има превртен пловен објект, полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор “Охридско Езеро” веднаш излегоа на терен.

“По преземени мерки и активности околу 18.00 часот пловниот објект е пронајден на два километри од брегот и утврдено е дека станува збор за превртена едрилица – катамаран на која имало три лица. Лицата на возраст од 53, 50 и 49 години, сите од Скопје, се пронајдени во непосредна близина, во добра здравствена состојба, без повреди, а според нивниот исказ причина за незгодата бил силен ветер.” – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Од страна на Езерската полиција, катамаранот е вратен во пловна состојба, а лицата се транспортирани на копно, до сместувачкиот објект.