Skip to main content

УХМР

Сончево со умерена облачност и температура до 31 степен

До петок стабилно време,а во сабота заладување.
 |  инфодеск  | 

Времето денеска во Охрид сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=8.

Максималната дневна температура ќе се искачи до 31 степен.

До петок времето ќе биде стабилно со слаб до умерен јужен ветер и со пораст на температурата. Во сабота во попладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец, кој ќе предизвика опаѓање на температурата.

фото: Ѓоко Симјаноски