Skip to main content

Буково

Надлежните ја затрупуваат со земја и третираат со алга депонијата Буково

Од ЈП Охридски Комуналец велат дека се преземаат мерки на депонијата која неколку дена е опожарена. Од јавното претпријатие се сомневаат дека пожарот е подметнат од страна на непознато лице.
 |  инфодеск  | 
Буково

Чад се издига од депонијата Буково кој се чувствува во пошироката околина на селата Куратица, Плаќе, Свиништа, Речица, Завој.

Од ЈП Охридски Комуналец велат дека се преземаат мерки на депонијата која неколку дена е опожарена. Од јавното претпријатие се сомневаат дека пожарот е подметнат од страна на непознато лице.

Од страна на екипите на ЈП е излезено на терен кои во заедничка акција со Противпожарната единица од Охрид и Ресен се превземаат мерки за локализирање и гаснење на подметнатиот пожар. Депонијата се третира со прскање на алги со цел задушување на огнот, а исто така на лице место има механизаџија и депонијата се покрива со земја.„ – информираат од ЈП Охридски Комуналец за ТВМ.

Пред два дена Државниот инспекторат за животна средина информира дека Oвластен инспектор за животна средина од Охрид е во континуирана комуникација со ДИЖС заради вршење вонреден инспекциски надзор во нестандардната комунална депонија Буково , во врска со опожарувањето. Според ДИЖС до самозапалување дошло поради високите температури, како и испуштањето на метанскиот гас. Од инспекторатот било укажано да се вклучат сите расположиви капацитети (човечки и механизација) за санирање на состојбата во насока на спречување на понатамошно загадување на воздухот и животната средина и заштита на здравјето на луѓето.