Skip to main content

УХМР

Сончево и топло со температура до 32 степени

До петок во Македонија ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност.
 |  инфодеск  | 

Времето денеска во Охрид сончево и топло. Максималната дневна температура ќе се искачи до 32 степени.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=8.

До петок во Македонија ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа и во форма на невреме. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.