Skip to main content

Општина Охрид

Градоначалникот Пецаков оствари средба со италијанскиот амбасадор Силвестри

Амбасадорот истакна дека ќе вложи напори за повторно активнирање на авиолинија од охридскиот аеродром до Италија.
 |  инфодеск  | 
Italijanski ambasador

Амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри, денес, оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков. Тие разговараа со туристичката сеозна и можноста за промоција на туристичката понуда на Охрид пред италијанскиот пазар.

Соговорниците взаемно се согласија дека пилот проектот за изучување на италијански јазик во основните училишта помина одлично и затоа се планира оваа година тој да се надогради.

Амбасадорот истакна дека ќе вложи напори за повторно активнирање на авиолинија од охридскиот аеродром до Италија.

Во рамки на посетата, амбасадорот во присуство на градоначалникот, членови на фамилијата и пријатели на госпоѓата Франка Винчензи Маркулеска и додели орден за заслуги „Ѕвезда на Италија“.