Од полноќ поскапува дизелот
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87 %.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ не се менуваат.
Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 2,00 денари/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 2,50 денари/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 1,489 денар/кг и сега ќе изнесува 45,031 денари/кг.
Од 4.8.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 85,50 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 87,50 (денари/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 78,50 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 78,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС$ – 45,031 (денари/килограм)