СВР Охрид
Млади луѓе од Свети Николе, Скопје и Куманово се тепале на плажа во Охрид
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 02.08.2023 година во 17.30 часот, на плажа на брегот на Охридското Езеро, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.С.(23), Т.Д.(21) од Свети Николе, С.Д.(21) од Скопје и К.С.(21) од Куманово, од една и три 17-годишници од Свети Николе, од друга страна. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.


