СВР Охрид
Во касарната приведени две лица од Косово кај кои бил пронајден кокаин
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
На 04.08.2023 во 00.05 часот од просторот на поранешната касарна во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа М.Р.(24) и Б.А.(23), двајцата од Косово, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.


