Skip to main content

Приказни од ковид времето

Промоција на книгата “Авантурите на Космонаутко“ во Охрид

Јанкуловски е еден од најголемите и најискрените хуманитарци од Македонија. Како медицинско лице и граѓански активист тој е добитник на наградата “Европеец на годината” за 2020 г.
 |  инфодеск  | 

Во понеделник (07 август) од 19.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Авантурите на Космонаутко“. Се работи за првото прозно дело од авторот Денис Јанкуловски, познат во јавноста како Космонаутко.

Со авторот Јанкуловски за книгата ќе разговара издавачот, Дејан Трајкоски.

Јанкуловски ги објавува неговите приказни од Ковид времето, а тие се топли, искрени, секојдневни и вистинити, полни со надеж. За многумина, Јанкуловски е еден од најголемите и најискрените хуманитарци од Македонија. Како медицинско лице и граѓански активист тој е добитник на наградата “Европеец на годината” за 2020 година, доделена од Делегацијата на Европска унија во Македонија. Добитник на наградата “Филантроп на годината” за 2021 година, доделена од Horus Macedonia. Прогласен за Амбасадор на говор против омраза од страна на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Македонија, во 2022 г. Добитник е на државната награда „Мето Јовановски“ за промоција, заштита и унапредување на човековите права, во 2022 г.„Авантурите на Космонаутко“ е во издание на Прозарт медиа а објавувањето е поддржано од Министерството за култура.