Времето денеска во Охрид претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и посвежо време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен и северозападен правец.
Максималната дневна температура ќе се искачи до 26 степени. UV=8.
Времето во Македонија во следните денови ќе биде стабилно и посвежо со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.