СВР Охрид
Седум лица во Охрид останаа без дозвола поради возење под дејство на алкохол
При засилени сообраќајни контроли полицискит службеници на територија на СВР Охрид за само неколку часа синоќа затекнале десеттина возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол.
На 05/06.08.2023 година од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени контроли во патниот сообраќај.
„Притоа, полициските службеници затекнале 12 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-07, Струга-01, Кичево- 02, Дебар-02). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.“ – иноформираат од СВР Охрид.


